Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за Гласот на Америка вели дека Законот за амнестија е донесен транспарентно и демократски, но тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за членство во НАТо и ЕУ. Тој нагласува дека организаторите на 27 април, треба одговараат и судот независно да им суди.
– Мислам дека сите ќе се согласиме дека продолжената политичка криза создаде голем раздор и доведе до ситуација каде политичките поделби ги одредуваа односите помеѓу луѓето, а во некои случаи дури и повеќе од етничките, верските и економските разлики. Лидерите во Македонија треба да можат да работат заедно за да се справуваат со тешките прашања со кои земјата и граѓаните се соочуваат. Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата. Ние сметаме дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки. За време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони. Како што државниот јавен обвинител Јовески неодамна рече, тоа е она што судиите и обвинителите го прават, го имплементираат законот – вели Бејли.
Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.