Беше гол или не беше? – Стојковиќ: Срам ми е што сум Србин (ВИДЕО)

- Срам ми е што сум Србин. Ќе се откажам од српскиот пасош. Ќе видете - изјави голманот на Партизан, Стојковиќ.

551

Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ беше многу лут по синоќешното реми (1:1) со градскиот ривал Црвена ѕвезда, бидејќи смета дека топката не ја поминала гол-линијата при ударот на Ричмонд Боачи.

– Срам ми е што сум Србин. Ќе се откажам од српскиот пасош. Ќе видете. Ви се колнам дека не беше гол. Не можеш така да судиш ако не си сигурен. Прво тој не можеше да види од мене, бидејќи јас му го покривав аголот. Повторувам, срам ми е што сум државјанин на оваа земја – изјави Стојковиќ.

35-годишниот чувар на мрежата има богата интернационална кариера, а за репрезентацијата на Србија настапува од 2006 година. Има 84 натпревари во дресот со националниот грб.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...