Бехрами: Политиката е виновна што повеќе не сум дел од репрезентацијата на Швајцарија

Албанецот од Косово со швајцарски пасош, Валон Бехрами веќе не е дел од репрезентацијата на Швајцарија, а за тоа причината ја гледа во политиката.

264

Албанецот од Косово со швајцарски пасош, Валон Бехрами веќе не е дел од репрезентацијата на Швајцарија, а за тоа причината ја гледа во политиката.

Селекторот Владимир Петковиќ му соопшти на Бехрами дека во иднина нема да смета на неговите услуги.

– Петковиќ ме повика и мислев дека ќе разговараме за мојот статус во репрезентацијата, а тој всушност ми ја затвори вратата во националниот тим. Селекторот има право да каже што сака, но ова очигледно е работа на политиката – изјави Бехрами.

Тој за Швајцарија дебитира во 2005 година и настапено на четири Мундијали и две Европски првенства

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...