Оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот кој доби ослободителна пресуда за 27 април. Тој го напушти судот откако судијката Добрила Кацарска даде пауза од еден час за да одлучи дали останатите кои добија затворски казни ќе завршат во притвор.
Во судницата изрекувањето на пресудата го следеше и неговата сопруга Ана Дурловски, која заедно со него фатени за рака го напуштија судот.
Пред судот, пак, го пречека група граѓани кои му честитаа и го поздравуваа.
Меѓу првите кои го прегрнаа бешеи Богдан Илиевски Бетмен кој исто така беше обвинет како водач на протестите, но побара и доби амнестија.