Бесплатно скијање за деца на Маврово за време на пролонгираниот распуст

107

Ски центарот Маврово, денеска и утре, ќе овозможи бесплатно скијање за ученици додека не се вратат во училишните клупи.

– Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи сите родители не се во можност да ги донесат учениците до Маврово – вели Огњан Циговски, директор на Ски Центарот Маврово.

Оваа иницијатива е резултат на енормната аерозагаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...