Бесплатни билети за литургијата на папата може да се подигнат и денеска 

123

Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од неговата посета – литургијата што ќе се одржи во вторник на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и денеска, од 12 до 17:30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата Македонија во Скопје. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...