Општина Карпош се приклучи кон хуманитарната акција на Лајонс клубот – Карпош, за бесплатна крвна анализа – крвна слика за вкупно 100 социјално загрозени граѓани и повозрасни, изнемоштени лица.
Во просториите на урбаната заедница во Карпош 1, утринава, крвна анализа направија десетици наши сограѓани, а истата ја спроведе специјализиран медицински тим од лабораторијата „Авицена“.
На денешната акција присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој со гувернерката на „Лајонс“ Дистрикт 132 Македонија, Соња Бојаџиева размени повеќе предлози за идна соработка меѓу локалната самоуправа и „Лајонс“ клубот.
Оваа хумана акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на социјално ранливите категории на граѓани.