Бесплатен јавен превоз денеска во Битола

92
Денеска јавниот градски превоз во Битола ќе биде бесплатен поради загаденост на воздухот, соопшти утрово Општина Битола.

Известувањето е објавено на веб страната на Општина Битола. На автобусите ќе бидат истакнати табли дека провозот е бесплатен.

Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола на 23.12.2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...