Бесплатен оброк за деца, ако родителите ги остават телефоните на страна

146

Британскиот ресторан „Френки енд Бени’с“ претстави зона „без мобилни телефони“, откако спровеле анкета за тоа колку користењето на мобилните има влијание врз семејната вечера. Сега тие во понудата имаат бесплатен оброк за децата чии родители ќе ги остават мобилните телефони на влезот во ресторанот.

Речиси 20 отсто од децата рекле дека нивните родители претпочитаат времето да го минуваат на телефон, наместо да разговараат со нив за време на оброците во ресторанот. Меѓу испитаниците биле и родителите, при што 23 отсто од нив потврдиле дека го проверуваат телефонот за време на ручек. Околу 10 отсто од децата признале дека го криеле телефонот од своите родители за да го привлечат нивното внимание.

Вработените во ресторанот на родителите ќе им носат посебна кутија во која ќе можат да го остават својот телефон за време на јадењето, а раководството на „Френки енд Бени’с“ најави дека иницијативата ќе трае подолг период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...