Бесплатен зимски одмор за 1.000 деца

168

Околу илјада деца од семејства во социјален ризик бесплатно ќе зимуваат шест дена за време на зимскиот распуст во 2019 година. Владата денеска на 110-тата седница ја прифати информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.

Се работи за деца родени  од 2004 до 2009  година, односно  редовни ученици кои во учебната 2018/2019 година посетуваат петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение од семејства во социјален ризик, односно корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток и децата  без родители и родителска грижа, како и деца корисници на посебен додаток до 26-годишна возраст.

Децата имаат право на зимување шест дена, коишто ќе бидат надополнети со едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и/или деца со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на оваа услуга, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...