Бесен Русин тешко ја повредил поранешната сопруга по спор за старателство.
Мајката му забранила да ја гледа ќерката. Тој не можел да го поднесе тоа. На видеото се гледа како жена оди по улица разговарајќи на мобилен телефон. Неколку секунди подоцна автомобил со голема брзина оди накај неа и иако ја гледа, не запира.
Жената со тешки повреди завршила во болница.
– Се е во ред, жива сум, скршена ми е ногата, се тресам, сите органи ми се отечени и што ли уште не – напишала мајката Анастасија.
Возачот веднаш штом удрил во неа, отишол во полиција и пријавил што направил.
ФОТО: АП / Курир.рс