Бесен маж ја запалил гардеробата на својата сопруга во плакарот и предизвикал пожар во зграда во Нови Сад. Евакуирани биле негови соседи, пренесува „Курир.рс“.
Според очевидци, полицајци успеале да извлечат дете од еден од становите кој се наполнил со дим, а домот на осомничениот потполно изгорел.
На лице место била и Брза помош, која им помагала на оние на кои им е потребна.
Осомничениот е приведен во полиција.