Циско Рок е војник од Бруклин, САД, кој на социјалните мрежи се пожалил по лошото искуство со еден скапоцен ресторан на Миконос. Откако со друштвото отишол на ручек во текот на одморот на спомнатиот грчки остров, Рок останал затечен кога го видел износот кој морал да го плати за скромниот ручек што го јадел со пријателите.
Шест порции лигњи им ги наплатиле неверојатни 600 евра, а шест локални пива 150 евра.
Освен тоа, екипата нарачала и три Цезар салати кои ги платиле 60 евра, две шишиња вода по цена од 17,80 евра, како и чаша сок од домати за 18 евра. Севкупно, нивната сметка во ресторанот „ДК Оистер“ изнесувала повеќе од 800 евра, што Циско и неговите пријатели ги шокирало.
Своето негативно искуство, Циско го споделил на „ТрипАдвајзори“ и на социјалните мрежи за другите луѓе да ги предупреди да не ја повторат истата грешка, а во својата објава објаснил дека по доаѓањето во ресторанот не добиле ценовник, а кога го побарале, персоналот на ресторанот не сакал да им го даде.
„Избегнувајте го ова место, тоа е стапица за туристи! На плажа да се плати 836 евра за лигњи, шест пива и три салати е тешка измама, а персоналот е нељубезен и одбива да ви го даде ценовникот“, напиша Американецот и на „ТрипАдвајзори“ за ресторанот на плажа на југот на островот, кој на овој сајт за туристи има четири ѕвездички.