БЕСА сѐ уште тактизира и нема став дали ќе гласаат за уставните измени

По однос на текстот на амандманите за државјанството посочи дека заштитата на македонскиот идентитет не треба да им се наметне нив, како Албанци, бидејќи, вели, Македонија е мултиетничко општество.

242

Процесот на уставни измени и предлог амандманите на албанската опозициска партија БЕСА беа тема на денешната средба во македонското Собрание на пратеникот од оваа партија Фадил Зендели со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Зоран Јанковиќ.

– Заеднички став беше дека за граѓаните на РМ, за сите политички субјекти, една од основните цели е зачленувањето во ЕУ и НАТО. Денеска зборувавме и за уставните измени. Ние на амбасадорот Јанковиќ му ги објаснивме нашите предлог – амандмани, што веќе се во собраниска постапка, односно што ние бараме со тие предлози. Претставникот на канцеларијата на НАТО ни кажа дека треба да се зборува за сите аспекти, и политички и уставни, што во следните денови ќе бидат дел од дебатата во Собранието и да се најде начин како да се дојде до двотретинско мнозинство и да поминат уставните измени. Но, секако, и сите заинтересиорани страни да бидат задоволни од процес – рече Зендели на прес-конференција по средбата во Собранието.

На прашањето дали ќе ги подржат предлог амандманите на Владата доколку не се прифатат нивните предлози, рече дека ќе видат во текот на дебатата, за тоа како ќе се одвива целата постапка.

-Тоа е прашање на дебата. Не можам да прејудицирам, да оставиме простор во утрешната дебата и наредните денови, како ќе рефлектира мнозинството и Владата. Ние потоа ќе излеземе со соодветен став – рече Зендели нагласувајќи дека нивните барања се суштински, а не се поднесени про форма и оти цврсто стојат на тие барања.

Запрашан за коментар на обвинувањата на вицепремиерот Бујар Османи дека со неподддржување на амандманите албанските опозициски партии ќе бидат кочничари на процесот Зендели рече дека тие не се кочничари.

-Ние двајцата пратеници од БЕСА ја поддржавме иницијалната постапка за уставните измени, но во текот на процесот се променија правилата на игра, се додадоа и некои нови работи кои за нас се спорни. Затоа одговорност треба да преземат тие што ги менуваат правилата на играта, наметнуваат нови правила, што не беа дел од уставните измени, ниту од дебатата за уставните измени. Османи да оди да ги праша Албанците дали прифаќаат во државјанството да бидат именувани како Македонци. Ако најде некој со поддршка тогаш и ние ќе го поддржиме – вели Зендели.

По однос на текстот на амандманите за државјанството посочи дека заштитата на македонскиот идентитет не треба да им се наметне нив, како Албанци, бидејќи, вели, Македонија е мултиетничко општество.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...