Беса предлага САД и ЕУ да се вклучат во преговорите за јавното обвинителство

193

Апсолутно е неприфатливо две страни вклучени директно или индиректно во судски постапки или во истрага од специјалното или јавното обвинителство да преговараат за иднината на важни институции во државатаа, реагира Беса по неуспешната средба меѓу претседателите на двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите наши сознанија се потврдија дека ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, како политички претставници на ДУИ, не можат да одлучат да имаат независен и професионален судски систем, бидејќи обете страни заедно со нивниот заеднички именител ДУИ се актери кои сакаат да избегаат од правдата. Не е прифатливо за правдата и за владеењето на правото да преговараат токму оние кои ја избегнуват правдата или се обидуваат да најдат пропусти за да избегаат од гонење за сторените злосторства“, се вели во реакцијата на партијата.

Според оваа партија средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не може да биде состанок што ќе го функционализира владеењето на правото и ќе донесе правда во оваа држава, бидејќи за нив примарно е како да ги заштитат своите партиски интереси или корумпираните кадри од обете страни. вклучително и нивниот партнер ДУИ.

Во продолжение целосно реакцијата на Беса за пропаднатата лидерска средба.

„Затоа, сега е неопходно да се прифати предлогот на Движењето Беса за Државна комисија составена од експерти каде што ќе учестуваат и САД и ЕУ со одлучувачко право. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на јавното обвинителство, судовите и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување правда и владеење на правото. Во исто време, оваа Државна комисија мора да го спроведе и процесот на „ВЕТИНГ“, процес без кој Северна Македонија никогаш не може да излезе од транзицијата што нè зафати од независноста на земјата до денес.

На крај, апелираме до сите политички партии, без разлика дали тие беа на власт во минатото или оние кои се на власт денес, да не ја држаат под залог европската иднина на граѓаните на Северна Македонија, туку да се одречат од нивните тесни партиски интереси и за прв пат да размислуваат за граѓаните на оваа земја, кои се разочарани од криминалот, корупцијата, недостатокот на правда и еднаквост, и затоа секој ден ја напуштаат државата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...