Беса на Касами: Власта ја зема правдата во свои раце за да ја потисне опозицијата

556

Беса на Билал Касами алармира за состојбата на судскиот систем кој, според нив,  продолжува да биде во служба на политиките на власта.

– Потсетуваме дека токму актуелната власт, ја доби довербата на граѓаните тврдејќи дека судството е крајно политизирано. После добивање на условената препорака за почеток на преговорите со ЕУ, еден од главните столбови е реформираниот судски систем без што нашето зачленување во ЕУ би било само еден голем сон. Во оваа насока сакаме да наведеме неколку случаи кои се еклатантни примери на судската неефикасност контролирана од партиите на власт. Случајот Алфа каде невини лица издржуваат затворска казна иако во јавност се појавува доказ дека истите не се сторители на тоа кривично дело, или пак случајот Алмир каде противправно се врши преквалификација на кричното дело – рече на прес-конференција Кастриот Реџепи.

Тој додаде дека и во случајот на бруталниот напад над пратениците во Собранието на минатата година обвинението од обид за убиство на еден пратеник Албанец e сменето во учество во топла.

– На сите овие судски скандали, му се додава и правниот преседан што се случува со Движењето Беса каде од еден чист правен предмет со самото приклучување на едната страна кон власта судот суштински го менува пристапот кон овој процес ставајќи не во судските лавиринти, намерно одолговлекувајќи го решавањето, со единствена цел да нас како опозициска политичка партија ни се наштети. Сo ова се има за цел да ни се оневозможи артикулирање на опозицискиот глас во политичката сцена сакајќи  нашата енергија да ја насочиме кон правна битка, нешто што не е видено во последните 28 години од независноста на РМ – рече Реџепи.

Беса апелира власта да се откаже од политички влианија и да се ангажира во вистинското реформирање на судскиот систем и владеење на правото кои се основни столбови кои ќе ја интегрираат нашата држава кон ЕУ .

Според Беса, сѐ додека имаме власт која си ја зима правдата во своите раце со цел потиснување на албанската опозиција интегрирањето во ЕУ е само една илузија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...