БЕСА на Африм Гаши го поздрави потпишувањето на договорот за името со став дека се работи за успех со историски размери за нашата земјата.
„Иако ние, како Албанци, можеби би направиле некои поточни формулации во некои делови од договорот – а кои се однесуваат на етничките и јазичните идентитети во земјата, сепак кога се има во предвид дека овој договор е голем чекор за членство во НАТО и отворање на преговорите за ЕУ, ова можеби е нашиот компромис. Ако, со овој договор, Македонија и Албанците во неа се спасуваат од „ризичната“ и „огнената“ зона, ако се спречува можноста за дестабилизација, ако се создава безбедност, ако се отвораат патишта за економски развој и ако се воспостави правна држава, тоа е доволен материјал и етничките права на Албанците во иднина да се усогласат со европските стандарди. Најважно е што Македонија од денес тргнал на друг пат“ се вели во честитката на БЕСА.
Оттаму и со став дека договорот, кој, како што се вели во честитката, не е историски само заради тоа што решил еден долгогодишен проблем, туку дотолку повеќе што отвора едно ново историско поглавје за нашата земја.
„Затоа ја користиме оваа прилика на сите Албанци и други граѓани во земјата да им го честитаме овој успех и да ги поканиме да се ангажираат во негова имплементација, бидејќи само на таков начин отвораме пат за кој ќе ни бидат благодарни и наредните генерации3, се вели во честитката.