Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа влада да ги вработува роднините во институциите каде што платите се два пати повисоки од минималната плата во земјата, а од друга страна, секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата, наместо да создадат работни места за граѓаните они вработуват свои членови на семејствата – соопштија денеска од Беса на Биљал Касами.
– Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери. Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО Алијансата, државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици – соопштуваат од Беса.
Од Беса бараат од институциите да се испита непотизмот за кој се пишува во медиумите во последните денови и да ги испитаат сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои, како што нагласуваат, фаворизираат одредени групи блиски до владините функционери.