Беса ги повикува граѓаните да се ангажираат за успех на референдумот

57

Движењето БЕСА денеска информираше за активностите во текот на овие денови од кампањата во врска со референдумот и впечатоците од средбите со граѓаните.

„Од остварените посети во некои од општините, амбиентот и пораките од граѓаните се дека Македонија во НАТО и ЕУ е процес без дилема, дека не постои елемент на двоумење и дека Албанците ќе го потврдат тоа што декларативно го изнесовме неколку пати дека единствената алтернатива за земјата е интегрирањето во НАТО и ЕУ.

Исто така, успеавме да мобилизираме многу граѓани кои и покрај јасното произнесување за НАТО и ЕУ беа иритирани од некои политички субјекти кои сакајќи да ги присвојат заслугите од овој историски момент, забораваат дека во делови на нивната активност биле на штета на граѓаните и тие самите биле партнер на структурите кои и ден денес работат референдумот да биде неуспешен.

Значи пораката на Движењето БЕСА е многу кратка, јасна и концизна, ги повикуваме сите граѓани, заедно, да се ангажираат за целосно успех на Референдумот!

И со ова да докажавме дека народот заслужува историски промени, кои ќе ја зачленат Македонија во НАТО и ЕУ и на сите нас ќе ни донесат подобра иднина!“ порачува Беса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...