Движењето Беса ја поддржува иницијативата на 12 пратеници за измени на изборниот модел, но побара да не се менува пропорционалниот изборен модел и наместо затворени, Беса се залага за отворени листи.
– Изборните единици од 6 треба да се намалат на 3 бидејќи тоа ја одразува реалноста во државата, а тоа е дека одредени етнички заедници гласаат во одредени региони – рече Зендели.
12 народни избраници иницираа измени на Изборниот законик со која бараат да се воведе една изборна единица.