Берово утрово најладно со минус шест степени

Според податоците до осум часот, минус два степени се измерени во Лазарополе и во Тетово, минус еден во Демир Капија, нула во Гевгелија и Претор, еден во Маврово и Крушево, два во Скопје, Куманово, Охрид и Битола и три степени во Прилеп.

75

Утрово е најладно во Берово каде се измерени минус шест степени, а максимални шест степени е во Дојран, информира УХМР.

Според податоците до осум часот, минус два степени се измерени во Лазарополе и во Тетово, минус еден во Демир Капија, нула во Гевгелија и Претор, еден во Маврово и Крушево, два во Скопје, Куманово, Охрид и Битола и три степени во Прилеп.

Преку ноќта во планинските региони облачноста се намали и таму утринава е ведро, а по котлините остана ниска облачност или магла. Магла утрово има во Скопје, Струмица, Штип, Куманово и Тетово, а магливо е во Пелагонија и Гевгелија.

Од УХМР информираат дека преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени, во котлините со магла од 4 д 9 степени.

Во Скопје утрово има магла, која ќе се задржи подолготрајно. Попладне маглата ќе се намали и ќе се зголемува облачноста. Температурата ќе достигне 11 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...