Берни Еклстоун со план за спас на Ф1

275

Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Екелстон, предложи промени за да се направи спортот попривлечен за навивачите. Според 88-годишниот Британец, во последните години Ф1 е сведена на „парада на Мерцедес-Бенц“ со отпор единствено на Ферари, и ова ги одбива навивачите.

Еклстоун предлага да се направат два одделни светски шампионати – еден за конструктори, а друг за тимови. Конструкторскиот да биде за големите производители на мотори и шасии како Мерцедес, Ферари и Рено. Тимското првенство да биде за сите други, кои ќе користат ист мотор и автомобили со поедноставни технологии.

– Со две вакви првенства, ние ќе им помогнеме на помалите тимови, овозможувајќи им на производителите да се натпреваруваат онака како што сакаат. Сè е отворено за дискусија, но целта е јасна – да има отворен натпревар, наместо многу скапа технологија, рече Еклстоун

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...