Берлин: Германија ќе помага, ако Скопје турка реформи

270

Македонија има напредок на патот кон ЕУ, атмосферата во државата е сменета во позитивна насока и земјата добро е подготвена за почеток на преговори, но се уште не е подготвена за членство во Унијата.

На дебатата биле искажани пофалби за Преспанскиот договор, но и предупредувања од можен неуспех од неговата ратификација.

Ова било во фокусот на дебатата за Македонија насловена „Македонија меѓу надеж и загриженост“ во германскиот Бундестаг, организирана од Друштвото за Југоисточна Европа, на која учествуваа одговорните за Македонија во Министерството за надворешни работи Кристијан Хелбах и во кабинетот на канцеларката Меркел, Матијас Лутенберг, авторот на патоказот за реформите во Македонија, Рајнхард Прибе, повеќе пратеници во Бундестагот, дипломати, како и гостите од Македонија и Грција, Симонида Кацарска и Ксенија Куналаки од грчкиот весник „Катимерини, пишува „Дојче веле“.

Лутенберг ја поздравил храброста на премиерот Заев да ги решава проблемите со соседите Бугарија и Грција уште од почетокот на мандатот и тоа, според него, „бил важен сигнал да му се каже и на сопствениот народ дека се подготвени да решаваат проблеми“.

Посочил дека Германија била многу ангажирана за надминување на спорот со Грција, споменувајќи ја посетата на Меркел на Скопје пред референдумот, а „сега е подготвена и конкретно да помогне со советување и финансиска поддршка“.

– Сакаме да ја поддржиме иднината. Ќе испратиме советници за македонската Влада. Сакаме земјата не само да биде стабилна, туку и да напредува – вели Лутенберг, додавајќи дека таква поддршка очекува и од ЕУ, со цел Македонија економски да закрепне, но и да стане поинтересна за странски инвестиции, за што, прв предуслов е „владеењето на правото“.

Прибе посочил дека ако евентуално во Грција не биде ратификуван Преспанскиот договор, ЕУ мора да ги отвори преговорите за членство со Македонија, независно од спорот за името, а Скопје треба да биде мотивирано за да ги продолжи реформите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...