Бериша: Белград му наредил на Рама да го тужи Харадинај

125

Поранешниот албански претседател Сали Бериша смета дека Белград му наредил на албанскиот премиер Еди Рама да поднесе тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Хардибај, оценувајќи дека тоа претставува најнов чин на предавство во низата која Рама ја стори против  незвисноста на Косово.

Бериша на својот профил на Фејсбук напиша дека тоа претставува големо понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово.

„Ова тужба што ја нарачал Белград, е последната во серијата акти на народно предавство, сторено против независноста на Косово, неговиот територијален интегритет и суверенитет“, напиша Бериша на Фејсбук.

Тој додаде дека српскиот претседател Александар Вучуќ стои зад нападот што доаѓа од Тирана.

„Вучиќ му наредил на предавникот под итно да поднесе тужба против косовскиот премиер. Пријатели, секој час што ќе го минете држејќи го овој предавник на чело на нарко-владата е понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово“, напиша Бериша, пренесе Косово онлајн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...