Петра Квитова од Чешка и Белинда Бенчиќ од Швајцарија ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Дубаи, ОАЕ.
Ова е епилогот по денешните полуфинални мечеви во кои Квитова ја совлада Су-Веи Кси од Тајван, додека Бенчиќ беше поуспешна од Елина Свитолина од Украина.
Резултатот на двата меча беше 2:1.
Финалето е закажано за утре со почеток во 16 часот.
ВТА турнирот во Обединетите Арапски Емирати се игра за награден фонд од 2,5 милиони долари.