Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Малопродажната цена на „еуросуперот“ од 95 октани ќе изнесува 66 денари за литар, а на  „еуросуперот“ од 98 октани ќе изнесува 67,5 денари по литар.

321

Бензините поскапуваат за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросуперот“ од 95 октани ќе изнесува 66 денари за литар, а на  „еуросуперот“ од 98 октани ќе изнесува 67,5 денари по литар.

Од полноќ литар „еуродизел (Д-Е V)“ ќе се продава за 60,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) за  49 денари.

За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,698 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...