Бензините поевтинуваат за денар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ  „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека „еуросуперот“ од  95 октани ќе има цена од  71 денар.

286

Бензините поевтинуваат за денар, цената на дизелот не се менува, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ  „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека „еуросуперот“ од  95 октани ќе има цена од  71 денар.

Цената на дизелот останува 63,5 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за
0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари за килограм и вќе изнесува 33,695 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...