Белинда Бенчиќ со прва ВТА титула по две години

114

Белинда Бенчиќ ја освои својата прва титула во професионалниот тенис по две години, откако ја победи Петра Квитова со 6:3, 1:6, 6:2 во финалето на турнирот за жени во Дубаи.

Дваесет и едно годишната Швајцарка, која стигна до седмото место на светската ВТА листа пред да добие повреда на зглобот, за последно триумфираше на турнирот во Санкт Петербург во 2016-та.

– Одиграв многу добар турнир, ја поздравувам и Петра. Таа играше брз тенис, но јас се обидов да и отежнам и се радувам што работите излегоа како што сакав. Можеби мојата издржливост влијаеше на натпреварот. Се чувствувам одлично!, рече младата Швајцарката по завршувањето на натпреварот.

Бенчиќ направи силен старт со двоен брејк за 4:1, а подоцна го затвори сетот со силен форхенд по должина на теренот. Квитова го освои следниот сет, но во третиот направи двојна грешка при 5:3 и дозволи меч топка за Швајцарката, која ја искористи со безмилосен бекхенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...