Белград подготвен: Уште еден ден до Фајнал-фор

Од утре до недела во Белград за титулата европски шампион ќе се борат Фенербахче (Турција), ЦСКА Москва (Русија), Реал Мадрид (Шпанија) и Жалгирис (Литванија).

367

Завршниот „Фајнал фор“ турнир од кошаркарската Евролига што претстојниот викенд ќе се игра во Белград ќе донесе приход од 18 милиони евра за српската метропола, смета градскиот менаџер Горан Весиќ.

– Ф4 е најголем кошаркарски настан на светот оваа година ако не ја сметаме НБА лигата. Ова ќе биде една од најголемите спортски манифестации годинава по Светското првенство во Русија. Ќе биде пренесуван во повеќе од 200 земји. Стотици милиони луѓе ќе имаат можност да видат промотивни спотови за Белград. Тоа е добро за развојот на туризмот, но и за инвестициите, објаснува Весиќ.

Според него, 15.000 туристи кои ги очекува од Турција, Шпанија, Русија и Литванија ќе остварат вкупно 60.000 ноќевања и ако тоа се помножи со 300 евра се доаѓа до приход од 18 милиони евра.

– Толку ќе заработат градот Белград, но и кафулињата, шопинг центрите, туристичките водичи,….

Од утре до недела во Белград за титулата европски шампион ќе се борат Фенербахче (Турција), ЦСКА Москва (Русија), Реал Мадрид (Шпанија) и Жалгирис (Литванија).

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...