Белград: Дете скокнало од седми кат, бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео-игри

Момчето скокнало преку прозорецот на својот стан и паднало од висина од 25 метри на тревната површина.

1405

Момчето Василије Р. (12) извршило самоубиство синоќа половина часа по полноќ, кога скокнал од седмиот кат на зградата во која живее, во Нов Белград, пишува „Телеграф.рс“.

Момчето скокнало преку прозорецот на својот стан и паднало од висина од 25 метри на тревната површина. Тоа давало знаци на живот кога соседите го пронашле, кои веднаш повикале Итна помош.

Меѓутоа, и покрај напорите на лекарите, момчето починало околу 5 часот наутро.

Според неофицијалните информации, се сомневаат на самоубиство, бидејќи детето во својата соба на работната маса оставило писмо, каде навело дека се одлучило на самоубиство, бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео-игри.

Телото на несреќното момче е однесено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...