Белата лавица Бела е новата жителка на Зоолошката градина во Скопје (ФОТО)

1364

Од Ходенхаген, Германија пристигна лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови, се пофалија од Зоолошката градина во Скопје. За неколку дена, додаваат оттаму, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

Добро е да се знае дека белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.

– За првпат во Скопје, но и нашата држава ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...