Белата куќа лута на Њујорк тајмс и Вашингтон пост, ја откажа претплатата

Одлуката за да не се продолжи претплатата на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс уследи откако Трамп ги обвини весниците за лажни вести.

181
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Белата куќа повеќе нема да биде претплатена на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс по оценките на американскиот претседател Доналд Трамп дека весниците „не се фер“ кон него.

Во исто време, Белта куќа ги повика и сите сојузни служби да ја откажат претплатата на тие два весника.

Портпаролот на Белата куќа, Стафани Гришам синоќа соопшти дека укинувањето на претплатата ќе биде „значајна заштеда за даночните обврзници од стотина илјади долари“.

Одлуката за да не се продолжи претплатата на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс уследи откако Трамп ги обвини весниците за лажни вести.

Трамп не е прв претседател кој ги бојкотира весниците, Џон Кенеди ја откажа претплатата на Њујорк хералд трибјун поради наводна пристрасност, а подоцна Белата куќа ја обнови претплатата.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...