Белами го напушти Кардиф, го обвинија за малтретирање на млад фудбалер

144

Крег Белами, тренер на тимот до 18 години во академијата на Кардиф Сити, ја напушти функцијата поради обвинение дека малтретирал млад фудбалер. Поранешниот велшки репрезентативец ги негираше обвинувањата, но нема да работи повеќе во клубот.

Британските медиуми објавија дека Кардиф добил жалба против поранешниот напаѓач. Во тужбата се наведува дека 39-годишниот Белами малтретирал млад фудбалер кој го напуштил Кардиф по наводниот инцидент. Во тек е истрага.

Крег Белами, кој е поранешен фудбалер на Њукасл, Ливерпул и Манчестер Сити, ќе помогне во разјаснувањето на ситуацијата.

– Знам за обвинувањата против мене во медиумите. Ја разбирам потребата Кардиф да започне истрага за случајот околу овие обвинувања. Огорчен сум, но привремено ќе се откажам од мојата работа како тренер. Тажен сум од обвинувањата и од начинот на кој беа направени. Категорично ги отфрлам, изјави Белами, кој се откажа од фудбалот во 2014 година.

Во последните две сезони од неговата кариера, напаѓачот играше токму за Кардиф.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...