Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека не сака да ги коментира новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои беа пласирани на Фејсбук, со оглед дека таквото објавување е строго забрането со закон.
Тој слушнал некои од тн. „бомби“, и како што изјави, тоа се приватни разговори.
– Не би сакал да коментирам за нешто што е строго забрането со закон. Што се однесува до бомбите, накратно сум слушнал некои. Тоа се приватни разговори како што можам јас со вас или кој било да комуницираме приватно – рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања, по прес-конференцијата за нацрт измените на законите за туристичка и угостителска дејност.