Бектеши: Промените ќе бидат за да се зајакнат капацитетите на институциите

128

Очекувам во текот на неделата да се сретнат лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, и да разговараат за претстојните кадровски промени. Преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Верувам дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаме што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото не сме имале добри резултати – рече Бектеши во одговор на прашање на паузата на Завршната конференција на ИПА – Проектот „Техничка поддршка за развој на политиките за заштита на потрошувачите“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...