Бекенбауер го вика Клоп назад во Германија

549

Фудбалерите на Ливерпул се во четврт-финалето на Лигата на шампионите, и иако Јирген Клоп се чини дека нема да го напушти Енфилд долго време, легендата на светскиот фудбал знае што ќе биде врв на неговата тренерска кариера.

Франц Бекенбауер во изјавата за германски „Скај” по натпревар помеѓу Баерн и Ливерпул во Минхен изјави дека би сакал да го види Клоп на клупата на Баерн.

Лошата ситуација во баварскиот гигант, критиките на сметка на тренерот сугерираат дека Ковач на крајот од сезоната би можел да остане без работа, а Бекенбауер сака да го види Клоп во таа позиција.

– Јирген Клоп во Баерн, тоа би било феноменално. Клоп ги научи Германците да играат брз фудбал – рече Бекенбауер.

Клоп со Дортмунд го освои првенството на Германија во 2012 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...