Дејвид Бекам (43) од технички причини на рочиште не признал вина за надминување на дозволената брзина на возење во Лондон и кон крајот на овој месец го очекува судење.
Поранешниот фудбалер на Манчестер и Реал, кој 115 пати играше за англиската фудбалска репрезентација, во јануари годинава со своето „Бентли“ возел 94 километри на час во зона каде ограничувањето било 64 километри на час.
– Надминување на брзината не може да биде предмет. Пријавата не е врачена на време – изјавил адвокатот на Бекам, Ник Фримен, инаку познат по барање „дупки“ во законот.
Бекам не бил на сослушувањето и не се знае дали ќе се појави на првото рочиште на 27 септември. Бекам го најми Фримен и во 1999 година кога му беше одземена возачката дозвила на осум месеци заради брзо возење. На Фримен тогаш му успеа жалбата со аргумент дека фудбалерот го прогонувале папараци.
ФОТО: EPA-EFE-GUILLAUME-HORCAJUELO