Бекам мамеше воздишки на Вимблдон, но тема на денот беше неговата коса ФОТО

Стајлингот без грешка одлично му стоел, но многумина се запрашале дали Дејвид направил нешто со својата фризура, односно со бојата на косата која била видливо потемна од вообичаеното.

478
Photo: EPA-EFE / GUILLAUME HORCAJUELO

Легендарниот англиски фудбалер за еден тениски меч во Вимблдон, одлично се дотерал, избирајќи трендовски костум со боја на влакно од камила што го искомбинирал со елегантна кошула и украсно марамче во џебот од палтото.

Стајлингот без грешка одлично му стоел, но многумина се запрашале дали Дејвид Бекам направил нешто со својата фризура, односно со бојата на косата која била видливо потемна од вообичаеното.

Не е тајна дека поранешната фудбалска ѕвезда многу внимава на фризурата, а исто така светските медиуми пишуваа и дека негов најголем страв е опаѓањето на косата.

Веќе претходно се шпекулираше дека легендарниот англиски репрезентативец се подложил на третмани за трансплантација на косата со цел таа да изгледа погуста, но јасно се забележувале и знаците на опаѓање. Сомневања дека нешто „правел на фризурата“ предизвикала неговата исклучително густа коса која подоцна ја покажал за време на посетата на Кина.

FOTO: Instagram/Printskrin

FOTO: EPA-EFE / GUILLAUME HORCAJUELO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...