„Без Хитлер и Сталин ќе немаше ЕУ“

Посебна европска вредност е создавањето на заедништво преку разликите, рече поранешниот полски државен секретар за култура и високо образование Александар Бобко.

245

Поранешниот чешки министер за надворешни работи, Карел Шварценберг смета дека Европската унија е најголем успех што досега е постигнат, но, ако не беа Хитлер и Сталин никогаш немаше да се случи европското обединување.

– Сега повторно мислиме дека можеме сѐ да совладуваме национално, затоа што сеќавањето за двајцата избледеа – рече тој на синоќешната конференција за европските вредности во Амбасадата на Унгарија во Виена.

Шварценберг рече дека затоа неговата најголема надеж за Европа е рускиот претседател Владимир Путин.

– Верувам во Европа – порача тој, додавајќи дека има проблем со поимот вредност, бидејќи е премногу нејасен и затоа повеќе го сака „правила“.

Претходно, европскиот комесар за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачиќ, во својот говор, побара поголема посветеност на вредностите, бидејќи многумина глобализацијата ја гледаат како закана, а помал број како можност.

– Како да се интегрираат мигрантите ако не можеме да им покажеме позитивни вредности. Верувањето во Бога е лична одлука, христијанските корени на Европа се факт – рече тој.

Посебна европска вредност е создавањето на заедништво преку разликите, рече поранешниот полски државен секретар за култура и високо образование Александар Бобко.

Директорот на Агенцијата на ЕУ за основните права Мајкел Офлахерти рече дека слободата на говорот не смее да се доведува во прашање, и дека постои проблем со  тоа што не се казнува говорот на омраза.

– Исто така, никогаш не може европската вредност да биде скратување на правото на азил – рече тој, додавајќи дека христијанството е важно за европската историја, но дека денес тоа е во конкуренција со другите религии, затоа е важно да се обезбеди неутралност.

Подготви: А.Ј.

ФОТО: Викимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...