Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат: од 9 до 15 часот корисниците од улицата 103 во село Волково (Општина Ѓорче Петров), а во периодот од 08:35 до 11:30 часот корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци (Општина Илинден).
Ова го соопшти Центарот за управување со кризи.