Без струја утре корисниците од индустриската зона „Визбегово”

52

Корисниците од индустриската зона „Визбегово“ утре од 9 до 12 часот ќе останат без електрична енергија.

В понеделник без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.

Без струја од 9 до 13 часот в понеделник ќе бидат дел од жителите од скопското село Страчинци, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Батинци, улиците „4“, „6“ и „7“.

Во периодот од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Мариовска“ бр. 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...