Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија утре ќе останат корисниците од општина Кисела Вода, соопшти РЦУК по добиената информација од ЕВН АД Македонија.
Од 08.30 до 09.30 часот утре без струја ќе останат корисниците од дел од ул. Мишко Михајловски и дел од улицата Емил Зола, од бр. 18 до бр. 22, Општина Кисела Вода.
Во вторник од 09 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од oбјектите во кругот на Зелен пазар, општина Центар.
Во временскиот период од 09 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од с. Батинци, Oпштина Студеничани.