Без струја утре дел од општина Гази Баба

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

83

Без електрична енергија утре од 8 до 10:30 часот ќе останат објектите во околината на фирмите „Лек“ и „Електроелемент“ во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...