Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување, дека утре планирани се технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, поради што без електрична енергија ќе останат: во периодот од 8 до 10 часот корисниците од дел на населбата Маџир Маало, делот кај Народна банка (Општина Центар), во периодот од 8 до 11 часот корисниците од дел на улицата Жорж Бизе број 8, улицата 12-та Македонска ударна бригада броевите:74, 76, 78-а, 78-б, 80-а, 89-б, 82-а и 82-б. (Општина Аеродром) и во периодот од 8 до 12 часот корисниците од улицата 190 во стара чаршија (Општина Чаир).
Ова го соопштија од Центарот за управување со кризи на Владата.