Без струја утре ќе останат делови од Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти Центарот за управување со кризи.
– Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување, дека во понеделник се планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски, подулици 1, 3 , 5 и 7 (Општина Ѓорче Петров), во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од булевар Јане Сандански, згради број 19 и 21 (Општина Аеродром) и во периодот од 12:00 до 15:00 часот, корисниците на дел од булевар Јане Сандански, поточно зградите и локалите со број 23 и 25 (Општина Аеродром) – велат оттаму.