Без струја десетина илјадници домаќинства во САД поради „циклонот бомба“

177

Поради снежната бура оквалификувана како „циклон бомба“ што го зафати американскиот среден запад, десетина илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

Според компанијата „Пауреаутејџ“ без струја останале 14.000 домаќинства и деловни згради во Минесота, а ист толкав број и во Јужна Дакота. Уште 8.500 домаќинства се без електрична енергија во Ајова.

Прекинот во електроснабдувањето е поради обилниот снег и мраз на далноводите, како и силниот ветер.

Во делови на Јужна Дакота, каде паднаа 45 сантиметри снег, како и силниот ветер отежнат е воздушниот и копнениот сообраќај,, исто како и во Минесота и во Небраска.

Американската метеоролошка служба предупреди дека снежната бура, пропратена со силен ветер од Колорадо до Минесота претставува ризик по животите на населението.

Во некои делови на Колорадо во вторникот температурата на воздухот беше околу 30 степени Целзиусови, а следниот ден се спушти на минус еден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...