Без струја денеска делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај

84

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Лисиче од улицата Архитект Сотир Томовски во општина Аеродром, од 08:00 до 17:00 часот, корисниците од населба Илинден, фирмите Суташ, ДМ-транс, Живинарска фарма Птичеводство и Волво сервис во општина Илинден.

Како што соопшти РЦУК, од 09:00 до 11:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улицата „Максим Горки“ броевите 3,5, 7 и 9, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улиците: Дебарца и Антоние Грубишиќ во општина Центар.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Глумово, ПС Глумово, Водни пумпи Глумово, село Шишево, село Матка, Бис оил, Адриус, Тиамо, дел од Сарај, Викенд Матка, Одмаралиштето Матка и Музеј Матка, во општина Сарај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...