Без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром

196

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општина Центар, а задутре делови од општините Кисела Вода, Центар и Аеродром.

Утре во периодот од 16 до 17 часот  без струја ќе бидат корисниците од дел од поранешната зграда на Метропол на плоштадот – „Македонија“ во општина Центар.

Во вторник, пак, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат од 8.30 до 14.30 часот корисниците од дел од ул. „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода, од 10.30 до 15 часот корисниците од ул. „Христо Смирненски“ бр. 38.  во општина Центар и од 11.30 до 14 часот корисниците од дел од улиците: „Богомилски Поход“ и „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“  во општина Аеродром.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...