Без достоинствен новинар, нема достоинствено новинарство (ГАЛЕРИЈА)

223

Десетина новинари од различни редакции денеска излегоа на првомајски протест, организиран од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ).

Со транспаренти „Сиромаштија = Самоцензура“, „ДА за работа, НЕ за ропство“, „Нема (работнички) права, нема мир“, новинарите порачаа дека без достоинствен новинар нема достоинствено новинарство.

– Не постои Комора на работодавачи за медиуми, постојат некакви здруженија, на електронски медиуми, на печатени итн. Меѓутоа не постои на ниво на цела медиумска индустрија преговарач и мислам дека тоа несоздавање на комора на работодавачи е токму да не се потпише колективен договор. Се обидуваме да правиме договори парцијално по медиуми, за на тој начин  да направиме притисок за целосен колективен договор. Немаме друг излез за да ги регулираме конечно односите, без достоинствен новинар, немаме достоинствено новинарство – вели Ѕвездан Георгиевски, в.д. претседател на новинарскиот синдикат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...