Без дозволи останале 55 пијани возачи, 80 возеле со поголема брзина

146

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 23 до 5 часот наутро спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје, соопшти МВР.

– Контролирани се вкупно 244 возачи, алкотестирани биле вкупно 133 возачи, a кај 55 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 55 мерки . Исклучени се 56 возачи од сообраќај, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55 мандатни платни налози , еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци – стои во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден се до полноќ  во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози, два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...